Кукуреља: Привилегија е да се биде дел од најголемиот клуб

Марк Кукуреља и официјално го започна новото поглавје во својата кариера. Шпанскиот лев бек го одработи првиот тренинг како фудбалер на Реал Мадрид, откако по завршувањето на Светското првенство ги заврши обврските и се приклучи на тимот на „кралевите“.
Кукуреља пристигна во Мадрид со огромни очекувања, но и со посебна мотивација. На својот прв тренинг, тој се запозна и со новите соиграчи, а по сесијата за клупската телевизија ги сподели првите впечатоци од новата средина.
„Многу сум среќен. Чекав долго време, помина доста време, но сега сум тука. Денес тренирав со моите соиграчи, се запознав со сите и едвај чекам малку по малку да ги запознаам подобро. Се надевам дека ќе биде одлична година“, изјави Кукуреа.
За 28-годишниот дефанзивец, трансферот во Реал Мадрид претставува круна на досегашната кариера. Кукуреа не крие дека носењето на белиот дрес за него има посебно значење, особено поради историјата и големината на клубот.
„Голема гордост е. Не мислам дека многу луѓе можат да кажат дека го носеле овој дрес. Видовме големи легенди, ова е клуб со огромна историја, најголема во Европа. Да се биде тука денес е привилегија, чест и пред сè награда за сите напори што морав да ги направам во мојата кариера“, додаде Шпанецот.