Китон Вилис потпиша за Макаби Тел Авив

Американскиот кошаркар Китон Валас е нов играч на Макаби Тел Авив. Валас, кој претходните две сезони настапуваше за Атланта Хокс, потпиша двегодишен договор со овој тим.
За времетраењето на договорот, тој ќе заработи 2,5 милиони евра.
Валас играше за Универзитетот во Тексас, од 2021 до 2024 година настапуваше во „Џи-лигата“ за развојните тимови на Клиперс и Хокс, а претходните две сезони беше дел од главниот состав на тимот од Џорџија.
Минатата сезона, тој имаше просек од 4,2 поени, 1,3 скока и 2,1 асистенција по натпревар, играјќи во просек по 12,3 минути.