Ејми Хант е европска првенка на „стотка“

Најбрза во Европа на 100 метри е Ејми Хант од Велика Британија. Таа приреди радост за домашната публика, победувајќи со точно 11.00 секунди пред Полската атлетичарка Ева Свобода.
Ѓулето најдалекуго фрли Џесика Схилдер од Холандија. Таа го освои првото злато на првенството со фантастичен резултат од 20.73 метри во шестата серија.
Леонардо Фабри oд Италија успешно ја одбрани својата европска титула во фрлање ѓуле со доминантни 22.31 метри.
Мешаната штафета на Норвешка 4х400 метри стана нов европски првак. Тимот предводен од Карстен Вархолм стигна до златото со нов рекорд на шампионатите од 3:09.62, благодарение на моќниот финиш на Хенриет Јегер.