Сити планира живот без Родри, Мароканецот Буади доаѓа во Сити

Родри е веќе пред трансфер во Ла Лига, во тимот на Барселона, а Манчестер Сити веќе ја најде замената. Англискиот тим интензивно работи на трансфер на Ајуби Буади од тимот на Лил.
Буади веќе го привлече вниманието кон себе со добрите игри, а поради тоа неговиот потенцијален трансфер во Манчестер Сити преставува работа која ќе биде една од најинтересните потези на англискиот клуб.
Наводно преговорите се во напредна фаза, и Сити е веќе блиску до комплетирање на договорот за доаѓање на францускиот играч од средниот ред.
Според информациите, Лил би требало за овој трансфер да инкасира блиску 100 милиони евра. Станува збор за огромна цифра за млад играч, но јасно е дека Сити верува во неговите квалитети и потенцијал, кој може дополнително да го развие на „Етихад“.