Жул Кунде на излезна врата од „Камп Ноу“

Според „Диарио Спорт“, станува збор за Жул Кунде, кој се најде на трансфер – листата на англискиот шампион Арсенал и ќе замине во Барселона.
Раководството на Барселона не ја исклучува можноста за негова продажба, бидејќи евентуалниот трансфер би ослободил значителни средства за планираните засилувања на Родри, Хулијан Алварез и Жоао Кансело.
Прв приоритет на Арсенал бил англискиот репрезентативец Езри Конса од Астон Вила. Сепак, клубот од Бирмингем бара повеќе од 75 милиони евра за својот дефанзивец, сума која во Арсенал ја сметаат за превисока.
Поради тоа, Кунде се појавува како значително поинтересна алтернатива. Сепак, конечниот збор ќе го има самиот Французин, кој има договор со Барселона до летото 2030 година.