Родриго Мора позираше во дресот на „волчицата“

Фудбалерот, Родриго Мора, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Рома, призна дека неговиот соиграч Пауло Дибала е негов идол.

„Искрено, многу сум среќен и се надевам дека ќе имам одлична сезона. Пораснав гледајќи го Дибала. Едвај чекам да го запознаам“ – објасни Португалецот кој дојде во Рим на позајмица од Порто.