Ливерпул ќе испрати понуда за Ендрик

Луѓето од Ливерпул се подготвени да испратат сериозна понуда од 65 милиони евра за младиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик.

Бразилецот во изминатата сезона настапуваше како позајмен во францускиот состав Лион но, по добрите игри во серија, „кралевите“ решија да го вратат на „Сантијаго Бернабе“.

„Црвените“ сепак се надеваат дека Ендрик ќе ја прифати нивната понуда бидејќи сигурно ќе добие далеку поголема минутажа отколку во редовите на шпанскиот состав.