Арсенал го договори трансферот на Конса

Езри Конса, дефанзивецот на Астон вила, утре треба да ги помине медицинските прегледи и потоа да потпише долгорочен договор со Арсенал.
Неговиот трансфер би можел да биде комплетиран во следните денови, но речиси сигурно нема да биде навреме регистриран за првиот натпревар на „топџиите“ во новата сезона.
„Топџиите“ денеска постигнаа договор со Вила за сума од околу 50 милиони фунти, откако Конса оваа недела се врати на тренинзите по продолжениот одмор.
Арсенал одлучи да доведе нов дефанзивец откако Вилијам Салиба ја обнови повредата на грбот за време на Светското првенство.