Гави одбил да потпише за Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Барселона Гави ја отфрли можноста за преселба во Манчестер Јунајтед.

„Гардијан“ потврдува дека шпанскиот репрезентативец нема намера да го прифати повикот од „Олд Трафорд“ и дека негов приоритет е да остане во Барселона.

„АС“, повикувајќи се на „Дејли Мирор“, пишува дека Јунајтед бил подготвен да плати 40 милиони евра, сума што Барселона би ја побарала за играчот од средниот ред.

Сепак, Гави не е заинтересиран за трансфер. Неговата вредност според „Трансфермаркт“ моментално е 30 милиони евра.