Бенфика ќе биде новиот клуб на Палиња

Жоао Палиња е на пат да си замине од Минхен и е блиску до трансфер во Бенфика.
Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, португалскиот клуб постигнал договор со Баерн Минхен за трансферот на играчот од средниот ред за 14 милиони евра, плус 5 милиони евра.
Палиња веќе се согласил со трансферот, а клубовите ќе го формализираат договорот во следните 24 часа.
Палиња минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем.