ПСЖ пак се ивлече од сигурен пораз и носи бод од Лил

ПСЖ повторно мораше да се спасува од негатива од два гола во францускиот шампионат, откако губеше и од Лил со 2:0. Во првото коло „Светците“ успеаја да дојдат до бод на гости кај Рен со истото сценарио, но вечерва на гостувањето кај Лил беше подраматично, затоа што домашниот тим имаше предност од два гола до судиското надополнување.
Хералдсон и Баква донесоа добра предност за Лил. И кога се чинеше дека победата е обезбедена и дека ќе има големо изненадување, се разбуди францускиот првак во судиското надополнување.
Витиња со прекрасен гол во 91 минута успеа да намали, а Маркињос во 95 минута и да го израмни резултатот, и така избраниците на Луис Енрике да дојдат до вториот бод во Лига 1.