Новото засилување на Борусија Дортмунд ги скина лигаментите

Борусија Дортмунд доби лоши вести по одличниот старт на сезоната откако новото засилување Јоанис Константелиас заработи тешка повреда на левото колено и според првичните прогнози ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Медицинските прегледи покажале дека грчкиот офанзивец има скинати вкрстени лигаменти, поради што неговото враќање најверојатно нема да се случи пред пролетта 2027 година.

Константелиас го имаше своето деби во Бундес-лигата против Хамбургер, но натпреварот за него заврши во 52. минута. 23-годишниот фудбалер незгодно падна по еден дуел на средината од теренот и мораше да биде заменет.