Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во футсал 2028 година. Националниот тим на 6 ноември ќе го одржи собирот пред претстојниот квалификациски натпревар против Финска, кој ќе се одигра на 10. ноември во финскиот град Вантаа.
Селекторот Газмед Хисејини го објави списокот на повикани играчи за овој натпревар, кој е дел од главната рунда на европските квалификации за Светското првенство во 2028 година.
Македонија (футсал): Антонио Петровски (голман), Иван Стојановски (голман), Марио Благојевски, Јасир Зекири, Берат Рамадани, Јакуп Рамадан, Наум Блажевски, Бојан Јанев, Таулант Исмаили, Абдил Кадир Јахја, Иван Крстевски, Садат Зибери, Илјаз Чилјафи, Игор Леовски;
Средбата Финска – Македонија е закажана за 10 ноември, со почеток во 18:30 часот по локално време (17:30 часот по средноевропско време), во арената „Енергија Арена“ во Вантаа.
Македонија се наоѓа во групата 4 од главната рунда на квалификациите, заедно со репрезентациите на Шпанија и Финска. Во главната рунда учествуваат 36 репрезентации, поделени во 12 групи со по три селекции. Се игра двокружен систем, односно секоја репрезентација игра по два натпревари со своите противници, дома и на гости.