Евролигата му се заканува со казна на Дубаи

Кошаркарскиот клуб Дубаи би можел да се соочи со сериозни последици поради начинот на кој се обидел да го ангажира Томас Вокап од Олимпијакос.
Клубот од Обединетите Арапски Емирати по секоја цена сака да го засили ростерот по освојувањето на АБА лигата минатата сезона.
Евролигата отворила дисциплинска постапка против Дубаи поради наводно прекршување на правилата при контактот со Вокап.
Дубаи стапил во контакт со 33-годишниот плејмејкер во период кога до истекот на неговиот договор со Олимпијакос имало повеќе од 60 дена.
Грчкиот клуб ја одбил понудата, но Дубаи не се откажал и продолжил со обидите да го доведе искусниот кошаркар.