Матеј Белистојаноски со прво злато за Македонија од МИ во Таранто!

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски оствари огромен успех на Медитеранските игри во Таранто, освојувајќи го златниот медал во категоријата до 67 килограми. За Македонија ова е прво златно одличје на МИ.

Во финалната борба македонскиот репрезентативец беше убедлив против Хрватот Боран Берак, кого го совлада со високи 6-0.

Белистојаноски запиша четири победи во низа и во ниту една од нив не остави простор за дилеми.

Во полуфиналето беше подобар од Гркот Балиотис со 5-1, додека претходно во четвртфиналето го совлада Италијанецот Мареска со 2-0.