Барселона потпиша со Сергеј Хернандез и Јанус Смарасон!

Шпанскиот репрезентативен голман Сергеј Хернандез и исландскиот плејмејкер Јанус Смарасон денеска беа промовирани во легендарната „Палау Блауграна“.

Во придружба на директорот на секцијата, Жоан Соле, двајцата ракометари ги споделија своите амбиции и емоции по приклучувањето кон тимот предводен од Карлос Ортега.

Овие две звучни засилувања доаѓаат во вистински момент за тимот, кој веќе го освои првиот трофеј во новата сезона.

Под водство на новиот капитен Тимоти Н’Гесан, Барселона неодамна го освои Суперкупот на Каталонија, совладувајќи го Гранољерс со убедливи 35-29.

Трансферите на Хернандез и Смарасон само потврдуваат дека амбициите на клубот остануваат на највисоко можно ниво, целосна доминација во Шпанија и покорување на Европа.