ФИБА ги брати руските кошаркарски работници, наскоро се враќаат и клубовите

ФИБА ги укина ограничувањата за руските и белоруските играчи, тренери, судии и други службени лица, откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го промени својот став за нивното учество на меѓународни натпревари.
Засега, одлуката се однесува само на поединци.
Руските и белоруските играчи, тренери, судии и други службени лица можат веднаш да учествуваат, односно да бидат номинирани за сите натпревари на ФИБА во кошарка и 3×3.
Сепак, националните тимови и клубовите сè уште треба да почекаат.
Во декември 2026 година, ФИБА ќе донесе одлука за евентуалното враќање на руските и белоруските национални тимови и клубови на меѓународни натпревари.
„Укинувањето на одредени ограничувања е многу важно за нас. За ова зборувам последниот месец. Преговорите навистина се водеа и сè уште се водат многу активно“, рече претседателот на Кошаркарската федерација на Русија, Андреј Кириленко.