Хал Сити потроши богатство и доведе шест фудбалери на последниот ден на преодниот рок

Повратникот во Премиер лигата, фудбалскиот клуб, Хал Сити, беше еден од најактивните англиски клубови на последниот ден од летниот преоден рок. Клубот, во текот на вечерта на 1 септември донесе дури шест нови играчи и со тоа дополнително го прошири тимот за сезоната во која главна цел е да се обезбеди опстанок во Премиер лигата.
Во финишот на преодниот рок, Хал Сити на засилувања потроши вкупно 82,7 милиони евра.
Клубот го засилија Илјас Анса (21) од Унион Берлин, за кого беа платени 17 милиони евра, Тим Ироегбунам (23) од Евертон, кој чинеше 15,1 милиони евра (26 милиони евра со бонуси), за Брук Нортон Кафи (22) на Џенова, Хал и плати 14 милиони евра. На позајмица од Рома пристигна Робињио Ваз (19) за два милиони евра, а доколку сака клубот по завршувањето на сезоната ќе може да го откупи за 30 милиони евра.
Листата ја затворија Христос Музакитис (19) од Олимпијакос, кој чинеше 15 милиони евра, и Сорба Томас (27) од Стоук Сити, за кого беа платени 8,7 милиони евра.
Хал со тоа го заврши летниот преоден рок со голем број нови играчи. Промените во тимот доаѓаат по враќањето во Премиер лигата, а првите резултати се исклучително добрии. Во првите две кола, тимот ги победи Манчестер Јунајтед со 2:0 и Ковентри со 1:0, а по два натпревари имаат максимум шест бода без примен гол.
Хал потроши вкупно 186 милиони евра ова лето, а просечната возраст на новите играчи е 23,7 години.