Дончиќ прв фаворит за титулата најдобар стрелец во НБА лигата

Американски спортски дигитален медиум „Bleacher Report“ состави ранг-листа на главните кандидати за титулата најдобар стрелец во НБА за претстојната сезона, 2026/27. Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, се смета за прв фаворит. По словенечкиот кошаркар во првите тројца се плејмејкерот на Оклахома Сити, Шеј Гилџус-Александар и бекот на Минесота тимбервулвс, Ентони Едвардс.
Мнатата сезона, Дончиќ, беше најефикасен, пред Гилџус-Александар и Едвардс.
Главните кандидати на „Bleacher Report“ за титулата најдобар стрелец во НБА за сезоната 2026?27:
- Лука Дончиќ (Лос Анџелес Лејкерс)
- Шеј Гилџус-Александар (Оклахома)
- Ентони Едвардс (Минесота)
- Виктор Вембањама (Сан Антонио)
- Јанис Адетокунбо (Мајами)
- Никола Јокиќ (Денвер)
- Џејсон Тејтум (Бостон)
- Кејд Канингем (Детроит)
- Дени Авдија (Портланд)
- Донован Мичел (Кливленд).