Интер пак се врати од 0-2 и извојува убедлива победа на „Џузепе Меаца“

Интер со пресврт дојде до победа од 5-3 над Удинезе кој имаше фантастичен старт не мечот, но доживеа тежок пораз.
Натпреварот на Џузепе Меаца почна шокантно. Во 9. минута Абанква донесе водство на Удинезе од 1-0, а седум минути подоцна Екеленкамб зголеми на 2-0 за гостите.
Но, не помина долго, Интер почна да се враќа. Карлос Аугусто во 26. минута даде прекрасен гол за 1-2, а десет минути подоцна Барела израмни на 2-2. Тоа беше резултатот од првиот дел.
Во 57. минута Турам реализираше за комплетен пресврт и водство на Интер од 3-2.
Еспозито во 67. минута донесе предност за нероазурите од 4-2, а Бони на десет минути пред крајот постигна гол за 5-2.
Конечните 5-3 беа поставени во првата минута од судиското продолжение кога Геј даде гол за Удинезе.
Интер заедно со Рома се единствените две екипи со максимални 12 бодови. Нероазурите поради полоша гол разлика се на второто место.