Раздор во француската репрезентација заради „Златната топка“

Напаѓачот на ПСЖ, Дембеле, е разочаран од изјавите на неговиот репрезентативен колега, Килијан Мбапе, кој истакна дека дури по неговото заминување од Париз, Дембеле се наметнал во тимот.

„Дембеле и неговиот најблизок круг многу тешко ги примија зборовите на Килијан, тие се бесни. Тоа го доживуваат како еден вид предавство“, откри поранешниот француски репрезентативец и актуелен новинар Жером Ротен.

Изјавата на Мбапе предизвика остри критики и од новинарите и од поранешните француски репрезентативци.