Чупиќ: Многу ќе ни значи поддршката од трибините

Ракометарите на Вардар утре во СЦ Јане Сандански од 18.45 часот ќе му бидат домаќини на францускиот Нант во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот на Вардарци, Иван Чупиќ, верува во успех со поддршка на фановите.

„За Нант можам да кажам само убави зборови. Сигурно дека имаме желби да стигнеме до првата победа. Сакам да видам вистинска конекција меѓу нашите навивачи и ракометарите. Утрешна победа ќе ни биде ветер в грб за наредните мечеви“ – изјави Чупиќ.

„Црвено-црните“ во првата рунда загубија на теренот на германскиот Мелсунген додека Нант славеше дома против полскиот состав, Висла Плоцк.