Симеоне: Дајте му ја „Златната топка“ на Меси!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, нема дилема околу тоа кој треба да ја освои „Златната топка“ за 2026 година.

Аргентинскиот стратег го посочи својот сонародник Лионел Меси, кој зад себе има одлична година, особено на Светското првенство во 2026 година.

„Меси. Без никакво сомневање. По Светското првенство што го одигра на оваа возраст, тој дефинитивно ја заслужува“, изјави Симеоне.

Меси на Мундијалот постигна осум гола и запиша четири асистенции, а со Аргентина стигна до финалето. Осумкратниот освојувач на престижната награда продолжи со одлични настапи и на клупски план.

За Интер Мајами, Аргентинецот во текот на 2025 година постигна дури 43 гола во сите натпреварувања и им помогна на Американците да стигнат до првата шампионска титула во историјата на клубот.

Иако меѓу главните фаворити за „Златната топка“ се споменуваат Хари Кејн, Ламин Јамал и Килијан Мбапе, Симеоне смета дека Меси има најсилен аргумент за престижното признание.