Се повреди капитенот на Интер пред дербито со Рома

Идниот викенд на програмата на Серија А е дуелот меѓу двете непоразени екипи засега, Интер и Рома.
Но, Интер во овој натпревар ќе биде без еден од најважните играчи, искусниот Хакан Чалханоглу кој се повреди на последниот тренинг.
Сè уште нема официјална информација за тежината на повредата и колку време турскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените. Сепак, првичните проценки се дека нема да успее да се опорави за само неколку дена.
Поради повредата, под знак прашалник е и настапот на Чалханоглу за репрезентацијата на Турција во претстојните натпревари од Лигата на нации.
Натпреварот меѓу Рома и Интер ќе се игра в сабота со почеток од 18:00 часот.