Дарија Крстевска од АК Олимп со нов младински рекорд на 3.000 стиплчез

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска од АК Олимп Битола постави нов национален рекорд за младинки до 20 години во дисциплината 3000 метри стиплчез, на Купот на Македонија за младинци и младинки, кој изминатиот викенд се одржа во Велес.

Крстевска ја заврши трката со време од 12:09.33, со што собори национален рекорд стар повеќе од 16 години. Досегашниот рекорд изнесуваше 12:19.8 и беше поставен од Александра Митроска на 19 јуни 2010 година во Марса. Со одличниот настап во Велес, Крстевска го подобри за повеќе од десет секунди.

Новиот национален рекорд е уште еден значаен резултат во сезоната на младата атлетичарка и потврда за нејзиниот континуиран напредок.

За АК Олимп Битола, резултатот има дополнително значење бидејќи доаѓа од младинската конкуренција и ја продолжува успешната традиција на клубот во развојот на млади атлетичари и постигнувањето врвни резултати во македонската атлетика.