Се спојуваат НБА лигата и Евролигата

Евролигата и НБА продолжуваат со разговорите за можна соработка, која би можела целосно да ја промени европската кошарка.
Во игра е и премин кон франшизен систем по американски модел, но засега нема конечен договор за тоа како би изгледала евентуалната соработка.
Клучниот состанок меѓу двете страни е закажан за 5 октомври, а комесарот на НБА, Адам Силвер, потврди дека напредуваат преговорите.
– Веруваме дека би се зајакнала лигата со здружување на силите со Евролигата – изјави Силвер, додавајќи дека сите би биле во подобра позиција доколку настапуваат обединето во Европа.
Во исто време, НБА продолжува да го разгледува проектот „НБА Европа“, кој би можел да стартува следното лето. Силвер најави дека почетниот формат би можел да биде различен од конечната верзија на натпреварувањето, бидејќи ќе биде потребно време за да се формираат тимовите и структурата на лигата.
Голем предизвик претставува и инфраструктурата, односно изградбата и реновирањето на арените низ Европа. Покрај тоа, треба да се решат прашањата околу платите на домашните играчи, телевизиските права и локалните приходи.