Амар Хот потпиша за клуб од НЦАА лигата

Уште еден македонски кошаркар ќе игра во НЦАА лигата.

Тоа е Амар Хот кој и тоа како направи исчекор во својата кариера. Тој следната сезона ќе биде дел од НЦАА лигата.

Младиот 23-годишен кошаркар ќе настапува за Универзитет Источен Тексас А&М Саутленд конференција која е дел од НЦАА лигата.

Како што е познато Хот во минатата сезона настапуваше за КК Маџари каде одигра 32 меча а во просек имаше по 13.9 поени по натпревар.