Куманово и ТФТ Скопје во финалето на Меморијалниот турнир „Зоран Петковски-Петкото“

Во Битола се одиграа полуфиналните мечеви на турнирот „Зоран Петковски – Петкото“.
Прво тимот на МКК Куманово славеше против домашниот состав на Пелистер, за да во вториот меч, ТФТ со 85-73 го победи МЗТ Скопје.
Па така за 3.место ќе се сретнат Пелистер и МЗТ Скопје, а во финалето ТФТ и МКК Куманово.
Инаку овој турнир се одржува во чест на неодамна починатиот Зоран Петковски, кошаркат на кој токму Пелистер му беше матичен клуб.
“Вечен спомен и со тешко срце за нашиот капитен“ нагласија од КК Пелистер на свеченото отворање на овој меморијален турнир.