Боели си замина, Челзи доби нов противник

Челзи официјално потврди големи промени во сопственичката структура, односно Тод Боели повеќе не е сопственик на лондонскиот клуб.
Фондот „Клирлејк Капитал Груп“ ги откупи сопственичките удели на Тод Боели и Марк Волтер, со што презеде целосна контрола над лондонскиот клуб.
Во соопштението на клубот се наведува дека трансакцијата значи и заминување на Боели од функцијата претседател, додека швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис и понатаму ќе остане важен акционер и партнер во сопственичката група.
Боели и „Клирлејк“ во 2022 година го предводеа историското преземање на Челси во период на голема политичка и финансиска неизвесност за клубот. Оттогаш, заеднички вложија огромни средства во машката и женската екипа, младинската академија, како и во модернизацијата на тренинг-центарот во Кобам.