Флик руши рекорди во Примера, Барса врза седум победи по ред

Ханси Флик продолжува да испишува рекорди на клупата на Барселона. По убедливата победа од 7-2 против Расинг, Германецот стигна до 95 победи на 124 официјални натпревари, што значи дека славел на 77 отсто од средбите.

Со тоа Флик го надмина досегашниот најдобар процент меѓу тренерите на Барселона во 21 век. Луис Енрике, кој ја водеше Барселона од 2014 до 2017 година, имаше 76 отсто победи.

Дополнително, Барселона во досегашните 124 натпревари под водство на Флик забележала дури 42 убедливи победи, што дополнително ја илустрира ефикасноста на тимот во неговиот мандат.