Лионел Меси и Интер Мајами го освоија Кампеонес Куп

Аргеnтинскиот фудбалер Лионел Меси продолжува да испишува историја во дресот на Интер Мајами и во светскиот фудбал.
Напаѓачот со гол и асистенција го предводеше својот тим до победа од 2-0 над мексиканскиот Круз Азул во финалето на Кампеонес купот.
Со овој триумф, Интер Мајами за првпат во својата историја го освои Кампеонес купот, натпреварување во кое се среќаваат шампионите на МЛС и мексиканската Лига МХ.
Турнирот се одржува од 2018 година и претставува пресметка меѓу најдобрите клубови од САД и Мексико.
Со овој трофеј, Лионел Меси ја помести историјата, затоа што дојде до бројката од 49. трофеи во кариерата и е најтрофеен во историјата на фудбалот