МКК Куманово го освои турнирот „Зоран Петковски-Петкото“

Екипата на МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, кој се одржа во изминатите два дена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола
Во финалниот натпревар, кумановскиот состав беше подобар од ТФТ со 75-64 и го освои победничкиот пехар на првото издание на Меморијалниот турнир посветен на Зоран Петковски – Петкото.
Третото место му припадна на МЗТ Скопје Аеродром.
Во натпреварот за третото место, актуелниот македонски шампион славеше над Пелистер со 85-63.