Артета тргнува по Крупи од Борнмут

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета бара нов играч за нападот, а едно име од Премиер лигата е на врвот на списокот на желби. Станува збор за Ели Јуниор Крупи, фудбалер на Бурнемут и член на француската репрезентација до 21 година.

„Топџиите“ минатото лето го донесоа Виктор Ѓокереш, но како минува времето Артета се помалку има доверба во фудбалерот. Многу често менаџерот како најистурен го користи Кај Хаверц.

Младиот француски фудбалер покажа квалитет во својот клуб и веќе се наоѓа како цел на повеќе екипи.

Проблем за сите може да претставува тоа што Бурнемут може да бара високо обесштетување за својот играч, а Арсенал во моментов не е подготвен да плати многу.