Тухел ги врати Палмер и Арнолд во националниот тим

Селекторот на Англија, Томас Тухел, во петокот го објави списокот на играчи за септемвриските и октомвриските натпревари во Лигата на нации.

Трент Александар-Арнолд и Кол Палмер се на списокот. Овие двајца, на големо изненадување не беа на Светското првенство.

Нови имиња, во однос на тимот што играше на Мундијалот се: Џарад Брентвејт, Доминик Калверт-Луин, Луис Хол и Мајлс Луис-Скели.

Тинејџерот од Ливерпул, Рио Нгумоа, го доби својот прв официјален повик во националниот тим откако беше дел од тимот на Светското првенство во текот на летото.

Листата изгледа вака:

Голмани: Џордан Пикфорд, Џејсон Стил, Џејмс Трафорд

Одбрана: Трент Александар-Арнолд, Џарод Брентвејт, Трево Чалоба, Марк Геј, Луис Хол, Езри Коса, Тино Ливраменто, Нико О’Рајли, Џерел Кваса

Среден ред: Елиот Андерсон, Џуд Белингам, Мајлс Луис-Скали, Коби Мајно, Кол Палмер, Деклан Рајс, Алекс Скот

Напад: Хари Кејн, Доминик Калверт-Луин, Еберечи Езе, Ентони Гордон, Рио Нгумоа, Маркус Рашфорд, Морган Роџерс, Букајо Сака.

Англија има дуели со Шпанија и Чешка и два дуела со Хрватска.