Манчини повика девет дебитанти на своето враќање на клупата на „аѕурите“

Роберто Манчини ќе го започне вториот мандат на клупата на италијанската репрезентација и тоа со мечеви во Лигата на нации каде во следниов период ќе одиграат четири средби, дома и на гости против Италија, плус мечеви со Белгија и Франција, за кои Манчини повика 34 играчи.
Искусниот стратег ќе се обиде да изгради нова победничка Италија, а на првиот список се најдоа дури девет дебитанти и уште неколку повратници во националниот состав како Ѕаниоло, Фаџоли и Мандрагора.
Дебитанти се Песина, Гилјарди, Кајоде, Куадио, Романо, Думбија, Еспозито, Вергара и Али Зома од Нирнберг.