Алиловиќ постави рекорд во Лигата на шампионите

Поранешниот хрватски репрезентативец Мирко Алиловиќ продолжува да испишува ракометна историја и на 41-годишна возраст постави рекорд.

Искусниот голман ја започна својата 24-та сезона во Лигата на шампионите, со што стана ракометарот со најмногу одиграни сезони во најелитното европско клупско натпреварување.

Алиловиќ, кој денес го брани голот на Висла Плоцк, и натаму има значајна улога во полскиот состав.

На последниот натпревар против германски Мелсунген тој беше еден од клучните играчи во победата од 25-24.