Тренерот Трајков си замина од кормилото на Еуромилк ГЛ

Еуромилк Горно Лисиче остана без тренер, откако Јован Трајков си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб. Трајков заминува по седум месеци поминати во клубот, а одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи.

Интересно е што оставката доаѓа само еден ден пред првенствениот натпревар со Беласица во Втората македонска фудбалска лига.

Тренерот порача дека одлуката не била лесна, но дека во овој момент ја смета за најправилен чекор.

По пет одиграни кола, Еуромилк има една победа и четири порази, односно само три освоени бода.