Паскал Грос ја заврши репрезентативната кариера

Паскал Грос објави дека ја завршил репрезентативната кариера со Германија, иако неговото повлекување досега не беше официјално објавено. 35-годишниот фудбалер откри дека одлуката ја донел веднаш по Светското првенство во 2026 година.
„Официјално сè уште не сум се повлекол затоа што немам социјални мрежи, но завршив. За мене по Светското првенство тоа беше тоа“, изјави Грос.
Причината поради која неговото повлекување помина незабележано е токму тоа што германскиот репрезентативец нема профили на социјалните мрежи. Грос смета дека на 35 години е време местото во националниот тим да го препушти на помладата генерација.
„Време е на новата генерација да ѝ посакам сè најдобро. Јас и понатаму уживам во фудбалот на клупско ниво“, порача тој.