Миовски не доби ни минута, Ренџерс пак слават во „Олд фирм“ дербито

Глазгов Ренџерс му го нанесе првиот пораз на Селтик во шкотската Премиер лига оваа сезона откако го победи на негов терен со 1-0.
Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски на клупата го преседе овој натпревар, не влезе во игра.
Единствениот гол за Ренџерс го постигна Надери во 33. минута од натпреварот.