Монако ќе биде исфрлен во петта лига

Поранешниот финалист на Евролигата, Монако е на прагот да настапува во петтата лига и да добие аматерски статус, откако Францускиот национален олимписки и спортски комитет ја одби жалбата на клубот и го потврди ставот на тамошната федерација.
Челниците на клубот во соопштение најавија дека ќе ги разгледаат правните можности и се надеваат дека судот ќе ја преиначи одлуката.
Причина за драстичните мерки се финансиските проблеми, кои се одамна познати, како и сомнежот дека сегашното раководство може да ја одржи стабилноста.