Кик-бок медалистите на прием во МОК

Првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски и раководителот на секторот- спорт, Петар Спасеновски, денеска имаа средба со нашите кик-боксери кои се вратија со медали од ВАКО Светското јуниорско првенство во Лидо Ди Јесоло, Италија.

Таму до златото дојдоа Томи Андонов (К1, млади јуниори +81 кг), Калин Бабоски (ЛК, постари јуниори -63,5 кг) и Глигор Николов (ЛК, помлади јуниори -67 кг) додека со бронза се накитија Драгица Глигорова (КЛ, постари кадети +65 кг) и Петар Лозановски (ЛК, помлади јуниори -60 кг)

„Македонскиот олимписки комитет упатува огромни честитки до сите репрезентативци, стручниот штаб и Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко. Овие млади спортисти уште еднаш потврдија дека се вистински спортски амбасадори на нашата земја! Браво шампиони“, порачаа од МОК!.