Гогов: Во Лигата на шампионите секој меч е предизвик

Капитенот на Вардар, Васил Гогов, верува дека на мечот со Висла може да се прекине лошата серија во Лигата на шампионите.
„Нè очекува тежок натпревар против тежок противник, со квалитетни играчи. Ние напорно се подготвуваме. Се надевам ќе играме пред полна сала пред нашите навивачи за да освоиме први бодови во ЛШ“ – рече Гогов.
„Наше е да имаме повеќе енергија, мотивација пред својата публика. Се надевам дека таа ќе биде наша предност против овој противник“ – потенцираше голманот на Вардар.