Салемакерс мора на нова операција, го чека нова долга пауза

Фудбалерот на Милан, Алексис Салемакерс, веројатно ќе мора да оди на нова операција на зглобот на ногата.

Белгискиот репрезентативец го имаше истиот проблем и пред две години кога поради скршеницата на медијалниот малеолус мораше да биде опериран.

Тоа значи дека искусниот играч ќе мора да оди на подолг процес на рехабилитација и да пропушти значителен дел од сезоната.