Хетафе не може да го регистрира Карвахал

Дани Карвахал, поранешен дефанзивец на Реал Мадрид и шесткратен освојувач на Лигата на шампионите, би можел да ја продолжи кариерата во Хетафе, но неговиот трансфер е заглавен поради финансиските правила на шпанската Ла Лига.
Како што пишува АС, проблемот е невообичаено ниската плата на која Карвахал се согласил за да потпише за новиот клуб.
Карвахал во вторникот ги поминал медицинските прегледи, објави претседателот на Хетафе, Анхел Торес, и се чинеше дека наскоро ќе потпише договор. Сепак, само еден ден подоцна ситуацијата се промени. АС тврди дека клубот и играчот се договориле за условите за соработка, но Ла Лига не ги одобрила финансиските услови потребни за неговата регистрација.
Според АС, Ла Лига верува дека договорената плата е премногу ниска во споредба со досегашната кариера на Карвахал и приходите што ги имал во Реал Мадрид. Затоа, нејзиното тело за економска контрола применува сопствена проценка на вредноста на договорот, која е значително повисока од износот што Хетафе го договорил со играчот.
Шпанските клубови имаат ограничување на вкупните трошоци за фудбалерите, нив ги одредува Ла Лига. Вклучува плати, бонуси, придонеси, адвокатски хонорари и други трошоци.