Арда Туран фаворит да го наследи Монтела

Меѓународната репрезентативна пауза се покажа како судбоносна за Винченцо Монтела. Според информациите на турските медиуми и италијанската „Ла Газета дело Спорт“, Италијанецот ќе биде разрешен од функцијата селектор на Турција по серијата од четири порази против Франција, Италија (двапати) и Белгија.

Монтела го презеде тимот во септември 2023 година и имаше договор до 2028 година, па се очекува раскинот на соработката да и ги чини турските фудбалски власти нешто помалку од еден милион евра.

За негов наследник веќе е избрана турската легенда Арда Туран, кој во моментов го предводи Шахтјор Доњецк. Се очекува Туран да дебитира на клупата на Турција на претстојните натпревари против Белгија на 12 ноември и Франција на 15 ноември.