Муриљо од Форест е трансферна цел на Јунајтед

Дефанзивецот на Нотингем Форест, Муриљо, може да добие понуда од Манчестер Јунајтед кој планира да ја засили одбраната за наредната година.

Бразилецот неодамна се поврзуваше со Ливерпул и Челзи, но, „црвените ѓаволи“ немаат намера да се откажат од евентуален негов ангажман.

Дефанзивецот во мај потпиша нов договор што значи дека трансфер во јануари изгледа малку веројатен.