ТФТ убедлив против КК Скопје ТФТ убедлив против КК Скопје

Екипата наТФТ Скопје ја запиша првата победа на домашната сцена и го совлада Скопје со 102-98) во натпревар кој изобилуваше со поени и се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.
Секој Сила беше МВП на мечот и заврши со дабл-дабл од 23 поени и 15 скока, но вреди да се спомене и одличната партија на младиот тинејџер роден 2008 година,
Ѓорѓи Цветковски, кој беше прв поентер со 24 поени. Придонес во победата на ТФТ дадоа и Луис со 16 поени, Вајт со дабл-дабл (11п, 10ск.), како и капитенот Николов со десет поени.
Кај Скопје, Паркер одигра 40 минути и заврши со 31 поен и 12 скока, пред Џонс со 22 поени, двоцифрен беше и Џексон со 19 поени.