Гранит Џака казнет заради фалсификуван ковид-сертификат

Гранит Џака не ги играше натпреварите против Македонија откако призна дека набавил лажен ковид-19 тест сертификат.
Пресудата вели дека тој добил условна парична глоба од 150.000 швајцарски франци.
Тоа значи дека нема да плати ништо, ако не направи ново кривично дело во следните две години.
Фудбалерот платил за да добие сертификат дека бил вакциниран, и дури се говореше дека може да добие затворска казна и до пет години. Но како и во многу други слични ситуации кога фудбалските ѕвезди се во прашање, казната е прилично блага.
Капитенот на Швајцарија сега ќе ги плати само судските трошоци и ќе си продолжи со животот.