Сити ризикува долга европска суспензија

Манчестер Сити се соочува со можност за драстична казна од УЕФА поради финансиските прекршувања за периодот од 2009 до 2018 година.

Според информациите што ги пренесуваат медиумите, европската куќа на фудбалот наводно разгледува забрана за настап во европските натпреварувања во траење од седум до десет години, доколку клубот не успее со жалбата.

Таквата санкција би значела отсуство од Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Сепак, засега станува збор за непотврдени информации, а нема официјална одлука на УЕФА за ваква казна.

Манчестер Сити и претходно беше казнет со двегодишна забрана од УЕФА во 2020 година, но Спортскиот арбитражен суд ја поништи санкцијата по жалбата на англискиот клуб.