Белингем добива нов петгодишен договор во Реал

Англискиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе потпише нов петгодишен договор со шпанскиот клуб, што треба да го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2031 година, објави денеска весникот АС.
Тековниот договор на англискиот репрезентативец истекува во лето 2029 година, а со новиот договор, Белингем треба да добие подобри финансиски услови.
Белингем дојде во Реал од Борусија Дортмунд во летото 2023 година, во трансфер вреден над 100 милиони фунти.
Во дресот на „Кралскиот клуб“ Белингем ја освои Лигата на шампиони, како и една титула во шпанското првенство